Од стрес се укочил и полицијата го извадила возачот што го прегази девојчето

by Fokus

Јавното обвинителство му побара притвор за 22-годишниот возач, кој на пешачки премин во Скопје ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш.

Синоќа, адвокатот на возачот, Душко Јанковиќ за А1он вели дека момчето било во шок, што го утврдиле и лекарите. Од преголем стрес, му се укочиле нозете и рацете и така останал половина час, додека не го извадила полицијата од возилото за да го однесе да му е направат лабораториски анализи.

Во изјавата, адвокатот го пренесува тврдењето на младиот возач дека не возел повеќе од 45-50 километри на час, а доказ за тоа е дека не се отвориле воздушните перничиња.

Поврзани новости