Од среда бескаматни кредити за микро, малите и средните компании

by Fokus

Веќе од среда, 29 април, микро, малите и средните компании од сите дејности погодени од кризата ќе можат да аплицираат за КОВИД 2 линијата бескаматни кредити од 8 милиони евра.

„Ова ќе биде значајна ликвидносна инјекција и помош за фирмите. Ова ги опфаќа сите дејности погодени од кризата, и има олеснети услови и начин за аплицирање“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Средствата за овие кредити се обезбедени од компензационите фондови од Јапонија. Традиционално имаме добри односи и досега сме имале поддршка од Јапонија во повеќе сфери, за што сме благодарни, нагласи Ангеловска.

Поврзани новости