832
Четириеесет и четиригодишен српски државјанин од Крагујевац дошол на гости во Пробиштип, каде што извршил самоубиство, односно се обесил.
-На 01.12.2017 година во 18,00 часот во Полициска станица Пробиштип, Г.Ц. пријавил дека го пронашол телото на неговиот пријател Д.Т.(44) од Крагујевац – Р.Србија кој извршил самоубиство со бесење во зграда во изградба лоцирана на ул.„Тодор Александров“, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека смрт е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.
-Известена е Амбасадата на Р.Србија за превземање на телото на починатиот, велат од МВР.