По пожарот во Црниче, 10-годишно девојче однесено на Клиниката за токсикологија

by fokus

Во пожарот кој вчера со часови беснееше во подрумски простории во зграда во скопската населба Црниче, поради вдишен чад едно 10-годишно девојче било однесено на Клиниката за токискологија, информираат од МВР.

-Околу 16,50 часот во Скопје на ул.„Баница“ настанал пожар во зграда, при што се опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор. Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено во Клиниката за токсикологија, велат од МВР.

Како што вчера пишуваше „Фокус“ неколку противпожарни екипи со часови се обидуваа да го совладаат огнот поради ограничениот пристап, бидејќи подрумот е со голема површина, но освен една врата, нема друг влез или прозорци. Токму затоа постоеше сериозна опасност пожарот да ги зафати и осумте стана.

 

 

Поврзани новости