Од сојузници до ривали: Дали пресметките меѓу Дуќанџик, Беланоца, Грчец, Кондово, Бундес и Бутел се обидува да ги искористи кланот Барон?!

Последното двојно убиство во „Шиша бар“ ја врати јавноста во скопското подземје, кое се прегрупира, но не престанува да се пресметува. „Фокус“ прави хронологија како почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои преку ноќ станаа смртни непријатели. Во меѓувреме, никој не знае дали и кога ќе исчезне пизмата меѓу бандите на Скопје, мотивирани од крвна одмазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, изнуда...

by Фокус

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Двојното убиство во „Шиша бар“ на Јетон Кривањева-Жила и Енес Исеинов-Љаци претставува продолжение на долгогодишната борба во македонското подземје, мотивирана од крвна одмазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, изнуда, пишува неделникот „Фокус“.

Како „Дуќанџиќ“, „Беланоца“ и другите нарко-картели влегоа во крвава војна до истребување?!

На почетокот на деведесеттите години, подземјето било на купче. Арно ама, односите меѓу неговите водачи се нарушуваат, што го отвора кругот на меѓусебни убиства, кои траат до ден денес. Низ годините, се раѓаат повеќе групи што го бараат своето место под криминалното сонце, така што тие склучуваат сојузи со други групи во битката за превласт со конкурентите.

„Фокус“ хронологија: Нерасветлени ликвидации меѓу скопските банди во мафијашки стил!

Во јули 2009 година се случува убиство кое се смета за вовед во дведецениската пресметка меѓу Беланоца и Дуќанџик. Со куршум во главата, фрлен на депонија на патот од Арачиново кон Куманово, најден е мртов Агим Шерифи од Синѓелиќ, познат како Тони Монтана.

Шерифи и Џелал Ајети-Џељо создаваат моќна криминална нарко-мрежа во деведесеттите години на минатиот век, која се занимавала и со рекет и лихварство. Упатените велат дека Шерифи во тоа време бил главен, мозокот на групата, додека браќата Ајети биле силата.

По десетина години соработка, двајцата партнери стануваат ривали. Шерифи е најден мртов под мистериозни околности. Групата Дуќанџик, предводена од внукот на Шерифи – Орхан Бајрами – Оки, долг период се сомневала дека позади ликвидацијата стои Ајети поради несогласувања при давање лихва во казината во Скопје.

 Дуќанџиќ“ – името го добила од скопското маало во близина на Бит-пазар и пластичарската улица, од каде што е водачот на оваа група, која кохабитира со лица и од други скопски населби.

 

 Беланоца“ – името го добила според кумановското село Белановце, кое на албански се вика Беланоца, од каде што потекнуваат основачите на овој клан и нивните наследници.

Во меѓувреме, Дуќанџиќ почнува да склопува сојузи со групи од други делови на Скопје, додека таборот на браќата Ајети продолжуваат да дејствува како клан Беланоца, со база во Сингелиќ и Арачиново. Така, Дуќанџик се здружува со групата од Грчец на Шеваљ Муареми, кој, како што велат нашите извори, се држи настрана од одмазничките убиства.

Исто така, на страната на Дуќанџик е бутелската група на неодамна убиените браќа Камер Јонузи и Идриз Јонузи, позната на клан Бундес. Друг дел од Бутел, предводен од Бедри Бериша, пак, е на страна на Беланоца, која по убиството на третиот од браќата Ајети – Наим Ајети на Рузвелтова пред неколку години, неформално ја предводени синот на Џељо – Фатљум Ајети Тоте.

Поради вечното ривалство со Грчец, ривалската кондовска група позната по Агим Красниќи секогаш инклинирала кон Беланоца, чија моќ е сериозно намалена. Ваквата ситуација, според познавачите, се обидуваат да ја искористат нови групи, меѓу кои, како што пишува „Фокус“, е кланот Барон, брендиран според кафлуле во Чаир кое се смета за база на овие луѓе, меѓу кои има повратници од боиштето во Сирија.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости