Во Северна Кореја 800.000 луѓе се потпишаа дека се подготвени да војуваат против САД

by Fokus

Северна Кореја тврди дека околу 800.000 нејзини граѓани доброволно се приклучиле на армијата за да се борат против САД.

Само вчера околу 800.000 студенти и работници изразија желба да се пријават во армијата за одбрана од САД, пишува весникот „Родонг Синмун“.

Соопштението дојде откако Северна Кореја во четвртокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17 како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуции на Советот за безбедност на ОН, а последното лансирање беше осудено од владите во Сеул, Вашингтон и Токио.

Јужнокорејските и американските војници во понеделникот ја започнаа 11-дневната вежба „Штитот на слободата 23“ на размери што не се забележани од 2017 година.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обвини САД и Јужна Кореја дека ги зголемуваат тензиите со воените вежби.

Поврзани новости