Од силниот земјотрес во Турција се урнаа куќи и испукаа патиштата

by Fokus

Од силниот земјотрес којшто ја погоди денеска Турција, оштетени се десетина домови, а се појавија и пукнатини на патиштата. Според првичните информации повредени се тројца војници, при уривање на воен објект за набљудување.

TRT World Now

@TRTWorldNow

Ten houses collapsed in eastern Turkey earthquake, four residents rescued from debris, officials say

TRT World Now

@TRTWorldNow

Seven people rescued from debris, efforts ongoing to save three more people, officials say, after earthquake in Turkey’s Bingol province

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Земјотресот со јачина од 5,7 степени го погоди источниот дел на Турција. Службата за управување со вонредни состојби и катастрофи наведува дека епицентарот на земјотресот бил во областа Карлиов, пренесува Ројтерс. Десетина дома се делумно оштетени во селата Елмали и Динарбеј и областа Једиси. Не се пријавени жртви во овој дел на Турција. По силниот земјотрес следеле уште два послаби. На сликите, коишто се објавени на социјалните мрежи, може да се забележат и пукнатини на патиштата како последица на силниот земјотрес.

Feddo@Feddo15

powerful earthquake hit east of Turkey .. some cracks in the roads .. felt in a circle with 650 km diameter

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Поврзани новости