648
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, од сабота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежите од дожд наместа ќе бидат пообилни, околу 30 литри на метар квадратен. Врнежите локално ќе бидат проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса од северните делови на Европа ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.
Утринската температура ќе се движи од нула до 13 степени, а дневната од 11 до 25 степени.