Иако неговите родители собираат шишиња за да преживеат, тие секогаш наоѓаат начин како да му помогнат на Томе да го живее својот сон, а нивниот труд очигледно се исплати затоа што Томе од средно училиште ќе си замине со диплома за најдобар ученик.
Сигурен сум дека има уште многу вакви примери како Томе, деца полни со капацитет и потенцијал, желни за учење и напредување. Некои од нив сами ќе успеат, други пак ќе се откажат од немањето финансиска помош и лоша материјална состојба во семејството.
За мене ваквите деца како Томе се пример кој треба да го следат младите, а државата под итно мора да ги заштити. Да им помогне да се дообразоваат, надградат и се стекнат со знаење што понатаму ќе се искористи за развој на науката кај нас. Само така Македонија може да покаже сериозност и намера за зачувување на сопствените умови во рамките на државата. Ако Македонија не ги чува своите синови, тие со сигурност еден ден ќе бидат принудени да го побараат патот на успехот надвор од својата држава а потоа тешко ќе се убедат да се вратат назад.
Време е да почнеме да го штитиме и чуваме она што е наше, а има потенцијал да биде светско!