543
Демонстрантите кои се против промена на името Македонија од пред Собранието се упатија кон белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, каде бараат средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
Тие застанаа пред канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов на Рекорд, каде го скандираат неговото име.
Движејќи се кон седништето на опозицијата, тие ги скандираа песните „Едно име имаме“ и „Земјо Македонска“, а пред белата палата тие скандираа „Македонија, Македонија“ и запејаа „Народе Македонски“.
Фото: Томислав ГЕОРГИЕВ