344
Од ноќеска на полноќ цената на Еуросупер 95 се зголемува за 1,5 денар, а на Еуросупер 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на Комисијата, литар Еуросупер 95 ќе се продава за 63 денари, а Еуросупер 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 се зголемува за 1,67 денари и килограм ќе чини 24,078 денари.