Од почетокот на војната во Израел се убиени девет новинари

by Fokus

Нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел доведе до интензивни борби што резултираа со „најсмртоносната недела за новинарите во кој било неодамнешен конфликт“, соопшти денеска УНЕСКО, откако беше потврдено дека девет новинари биле убиени на должност од 7 октомври до денеска.

УНЕСКО најави дека бројот на загинати новинари може да се зголеми во наредните денови.

Според „Си-Ен-Ен“, убиствата на новинарите се случиле за време на нападите на Хамас и израелскиот воен одговор во Појасот Газа, но не и на израелско-либанската граница.

– Ова е драматично. Никогаш во ниту еден неодамнешен конфликт нашата професија не мораше да плати толку висока цена за толку кратко време“, рече генералниот директор на УНЕСКО – Одри Азулај.

Таа ги повика регионалните и меѓународните актери да преземат итна акција за да се обезбеди почитување на меѓународното право.

– Новинарите никогаш, под никакви околности, не треба да бидат цел. Одговорност на сите актери е да обезбедат, да продолжат да ја практикуваат својата професија безбедно и независно, рече Азулај.

Да потсетиме, една од жртвите е новинарот на „Ројтерс“ Исам Абдалах (37). Тој беше убиен во близина на селото Алма ел Шаб во јужен Либан, додека шестмина негови колеги беа повредени.

Поврзани новости