Од ноќеска горивата поевтинуваат

by Fokus

Од ноќва на полноќ горивата поевтинуваат за половина односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 71,5 денари за литар.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за половина дена. Новата цена на дизелот е 61,5 денар за литар, а на маслото 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 денари и новата цена ќе изнесува 34,167 денари за килограм.

Поврзани новости