Од нас зависи дали ќе биде изгласана владата или не, вели Трајанов

by Fokus

Заедно со другите помали партии одамна бараме Македонија да биде една изборна единица, оти од нас зависи дали ќе биде изгласана владата или не. Ние имаме конкретен предлог за тоа уште од март минатата година и очекуваме за ова набргу да се закаже седница, изјави лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов.

За изборниот праг може да преговараме, но, додаде тој, во првиот круг прагот треба природно да се формира.

-Неколку пратеници, 7, 8 или 11 зависи, одржавме средба и се усогласивме. Од сите мали партии зависи дали ќе останеме цврсти и единствени за прашањето Македонија да биде единствена изборна единица. Така се гарантира демократија – рече Трајанов на Утрински бифинг.

Тој пред некој ден постави услов дека или Македонија ќе биде една изборна единица без изборен праг или ДС нема да ја гласа новата влада.

Поврзани новости