Од МВР со демант на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите кои денеска на прес-конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини, беше изнесена лага дека во СВР Скопје пред пет дена наводно било заведено дека убиството врз малолетната В.Ѓ. го извршил Љ.П., а, наводно, не било ништо преземено, соопштија попладнево од МВР.

Оттаму порачуваат дека „тоа е апсолутна невистина“.

„Таква работа не постои. Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје денеска на прес конференција детално презентираа се што е преземено во врска со овој случај. Апелираме да престане ширењето на лаги и дезинформации, кои само нанесуваат штета на истрагата“ се вели во соопштението.

Поврзани новости