767
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, за тоа дека бил виден надвор, иако треба да биде во куќен притвор, истакна дека од медиумите дознал дека судот му дозволил во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби.
– Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите, односно дека со решение има точно предвидено време кога да оди на лекар заради здравствени потреби, рече Заев.
„Фокус“ чека одговор од Кривичниот суд за тоа на која околност му се дозволено на Рашковски да излегува бидејќи се наоѓа во куќен притвор и зошто не е со полициска придружба.