Путин е во изолација, заразени се негови соработници

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа во изолација, бидејќи се појавиле неколку случаи на заразени со Ковид-19, а со кои тој имал контакти.

„Знаете дека, за жал, бев принуден да ја откажам посетата на Душанбе во последен момент. Многу ми е жал, но причината е што, како што знаете, случаи на коронавирус се пронајдени во мојата непосредна околина”, рече рускиот претседател, кој зборуваше преку видео врска на самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност што почна во главниот град на Таџикистан.

„Ова не е еден, не двајца, туку неколку десетици луѓе“, рече Путин. Тој се извини што не можел лично да присуствува на состанокот и рече дека ќе остане во изолација „неколку денови“.

Поврзани новости