181
Полицијата вчера доби пријава за повреден скијач на Попова Шапка, кај местото познато како „Церипашина“.
– Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Инаку, вчера од Националниот парк Шар Планина предупредија на внимателност бидејќи забележано било значително зголемување на лавинската опасност.