370
„А што ни помогнаа? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не не пуштија они. Што зборите вие?“, вели гласот кој наликува на бизнисменот Орце Камчев кој се слуша во новите „бомби“ што беа денеска објавени на „Јутјуб“ каналот.
Врховниот суд, на чие чело тогаш беше претседателот Јово Вангеловски, во март ги прифати жалбите на бизнисмените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрагата на СЈО „Империја“ им беше укинат куќниот притвор и беа пуштени да се бранат од слобода.
Аферата „Рекет“ излезе по неколку месеци и Камчев од осомничен стана сведок во овој случај.