Сопругата на Кили по шест години се враќа во Скопје бидејќи ќе добие внук

by fokus

Сопругата на актерот Кирил Поп Христов – Кили, Гордана, која што е танцов кореограф и професорка по современ танц, по шест години поминати во Еквадор, во април наредната година се враќа во Скопје.

Причината за нејзиното доаѓање е, како што вели, едно од најубавите нешта кое што може човек да го доживее. Имено, нејзината ќерка од првиот брак, актерката Нина Деан во април го очекува раѓањето на своето прво дете, а Гордана ќе се вратела во Скопје со цел да и помогне со бебето во првите денови.

-Се враќам во април за да бидам покрај Нина. Многу ми недостига и тешко ми е што не сум со неа. Едвај чекам да ги гушнам, да го видам бебето чие раѓање сите го очекуваме со многу љубов. Секако, ќе бидам таму да и помогнам во првите денови по раѓањето. Но, мојата посета ќе биде кратка. Морам да се вратам назад, бидејќи треба да ја завршам школската година во балетското училиште во кое што работам во Еквадор – ни изјави Гордана.

Таа додава дека е познат полот на бебето и многу се радува што ќе добие уште еден внук. Помалата ќерка на Гордана и Кили, Јоана, која што годинава во март се омажи за својот избраник Роздригез Сориа, пред неколку месеци доби син. И таа со семејството живее во Еквадор, додека пак Кили веќе извесен период е во Скопје и е вработен во МНТ.

В.К.

Поврзани новости