603
Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на новиот корона вирус. Таа неколку дена била во тешка здравствена состојба, а последните три дена била хоспитализирана на Инфективната клиника, пренесува „360 степени“.
Претходно се породила во седмиот месец од бременоста и бебето е во инкубатор. Надлежните велат дека таа била во тешка здравствена состојба како последица на коронавирусот. Таа немала никакви здравствени проблеми и не била вакцинирана против ковид-19.