Доаѓаат нови пожарникари во Македонија, преморените се враќаат во Австрија

by Fokus

Во Македонија ќе пристигнат нови 114 пожарникари од Австрија, а 96 ќе се вратат во земјата, откако пет дена се бореа со огнената стихија во нашата држава.

Замената беше извршена синоќа на аеродромот во Виена. Пожарникарите кои беа во Македонија се вратија дома, а место нив кон Скопје полетаа нови од Австрија кои во следните денови ќе помагаат во локализирањето на големите пожари во земјава.

Поврзани новости