838
Актерот Марко Живиќ почина денеска на 49-годишна возраст во Белград по тешка борба со коронавирусот.
Живиќ ги помина последните денови во болница, на респиратор, и тој вторпат беше хоспитализиран поради коронавирусот.
Првиот пат кога бил примен неговата состојба се стабилизирала, па бил пуштен на домашно лекување, но симптомите одеднаш се влошиле.
Инаку, нему му бил отстранет тумор во 2008 година.