Од Кина кон Бразил исплови товарниот брод со погон на ветер

by Fokus

Голем црвен товарен брод по име Pyxis Ocean тргна на своето прво патување овој месец. Но, за разлика од повеќето други пред него, овој се напојува, делумно, од ветер, јави Си-Ен-Ен.

Бродот, изнајмен од американската бродска компанија „Каргил“, е опремен со две „Ветрени Крила“ големи челични едра високи 37,5 метри, дизајнирани од британската компанија BAR Technologies и произведени од партнерот за индустријализација Yara Marine Technologies.

Се очекува крилата да генерираат заштеда на емисии до 30%. Доколку се користи во комбинација со алтернативни горива, програмерите велат дека заштедата би била уште поголема.

Патувањето, кое започна во Кина и моментално се движи кон Бразил, ќе ја стави на тест технологијата.

Поврзани новости