Од Италија денеска ќе пристигнат 180 македонски државјани

by fokus

Денеска во 14 часот на скопскиот аеродром со организиран лет од Венеција, Република Италија, ќе пристигнат 180 македонски граѓани.

-Како и досега, така и за овие наши граѓани е организиран превоз според сите пропишани стандарди и тие ќе поминат 21 ден државен карантин во хотел „Дрим“ во Струга, согласно одлуката од 40-та седница на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на прифаќањето на патниците што доаѓаат од високо ризична земја според листата на Светската здравствена организација, информираат од Владата.

Оттаму додаваат дека секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет.

-Сместувањето во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест. Како и досега, нашите државјани кои ќе допатуваат од Италија, Венеција, од аеродром до локацијата за државен карантин ќе бидат превезени со безбеден и строго контролиран автобуски превоз.

Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода, велат од Владата.

Поврзани новости