501
Во првиот денешен натпревар на Светското фудбалско првенство 2022, Србија и Камерун одиграа нерешено 3:3 (Г-група). Србите имаат причина да бидат незадоволни од ремито, бидејќи до 63. минута водеa со 3:1.
Камерунците поведоа во 29. минута преку Кастелето, Павловиќ, Милинковиќ-Савиќ и Јовиќ направија целосен резултатски предност. Абубакар во 63.минута намали на 2:3, конечниот резултат го постигна Чупо-Мотинг.
Второто коло од оваа група ќе биде заокружено попладнево по одигрувањето на натпреварот Бразил – Швајцарија (почеток 17 часот).
Табела Г-група: Бразил 3 бода, Швајцарија 3, Камерун 1, Србија 1.
Денес на Мундијалот во Катар се играат и натпреварите од 2.коло во Х-групата:
Јужна Кореја – Гана (14 часот)
Португалија – Уругвај (20 часот