Од Ѓорче до Ново Лисиче ќе се стигнува за околу 25 минути, истакна Шилегов

by Fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска беше во посета на Скопските општини Сарај, Ѓорче Петров и Центар каде што оствари повеќе средби со граѓаните.

– Сите главни сообраќајни артерии во Ѓорче ги реконструиравме. Улиците Ѓорче Петров и 4 јули ги реконструиравме, а реконструкцијата на Лука Геров која е во тек ќе биде завршена до крајот на годинава. Во изградба и подобрување на водоводната и канализациската мрежа на Ѓорче Петров имаме вложено над 36 милиони денари. Во тек е целосна реконструкција на училиштето Кочо Рацин во вредност од над 52 милиони денари, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница. Подигнавме над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани зелени површини со над 1000 нови садници, нагласи Шилегов во своето обраќање во Ѓорче Петров.

Според него, во следниот мандат, по изградбата на БРТ системот од Ѓорче до Ново Лисиче ќе се стигнува за околу 25 минути.

Поврзани новости