Од денеска повторно започнува со работа Клиниката за кожни болести, откако пред три недели беше ставено клуч на врата бидејќи екс директорката со симптоми на корона вирус цела недела одела на работа, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Поранешната директорка на клиниката Нина Цаца Биљановска била на скијање во Италија и веднаш по враќањето тргнала на работа, не почитувајќи ги владините препораки да остане 14 дена во самоизолација. Но, тоа не бил и главниот проблем. Според нејзините колеги, таа ги имала симптомите на Ковид 19 и продолжила да оди на работа, а на нив им се заканувала со откази, ако ја пријават во министерството за здравство.
Биљановска, ден пред да заврши на скопската Клиника за инфективни болести како една од пациентите, носител на корона вирус држела предавање на Симпозиум на 103 лекари во скопскиот ресторан „Рагуза“.
Тоа го вклучи црвениот аларм кај здравствените власти. Кожната клиника експресно беше затворена, а сите оние кои имале контакт со неа завршија во домашна изолација. Во последниве неколку денови, дел од нив се тестирани, а досега само шест се позитивни на корона вирусот.
Поранешната директорка се уште е хсопитализирана на Инфективната клиника.
И.М.