340
Од денеска на обвинителна клупа повторно ќе седнат обвинетите во случајот „Монструм“, на кои од почеток ќе им се суди за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година, кај Смиљковското Езеро.
Судењето стартува од почеток, кај судијата Огнен Ставрев, бидејќи Врховниот суд ја укина првостепената и второстепената пресуда и предметот го врати од почеток, и тоа по барање на Вишото јавно обвинителство.
Набрзо по оваа одлука, највисокиот суд донесе одлука и да ги ослободи од притвор Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост, односно не смеат да го напуштат градот во кој што живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1.