515
Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над 66 киловати.
Ова ќе им овозможи на граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци да остварат значителни заштеди.
Едномесечниот зелен картон е погоден за месеците во летната сезона. Се очекува ваквата одлука позитивнод а влијае и кај граѓаните и кај осигурителните компании.