Коевски предложен за декан на Правниот факултет

by Фокус 13:31
13:31

Поранешниот продекан на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, д-р. Горан Коевски денеска од Наставно-научниот совет на факултетот е предложен за нов декан на катедрата.Предлогот за именување на Коевски ќе биде препратен до Ректорот на УКИМ кој ќе одлучи дали ќе тој ќе биде именуван на испразнетата функција, откако пред неколку месеци професорот Борче Давитковски поднесе оставка затоа што не можеше да ги издржи притисоците од образовните инспектори да даде отказ на неколкумина професори.

На Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје Коевски е вработен од 1989 година, каде што од 2010 година е избран за редовен професор на научната област трговско право.

- Advertisements -

Инаку, се смета за политички наутрален, исто како и неговите главни конкуренти Сашо Георгиевски и Димитар Гелев. Токму затоа имаше информации дека просветниот инспекторат може да им го поништи изборот за декан.

Поврзани новости