649
Мобилните медицински тимови кои ќе вршат тестирање од корона вирусот од денеска почнуваат со работа во Скопје, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.
-За повозрасните луѓе, кои се ризична група на граѓани, ќе се зема брис во домашни услови, согласно препораките, појасно Филипче.
Во главниот град има десетина пунктови за тестирање, а до крајот на неделата нови пунктови ќе бидат отворени и во другите градови.