Од денеска Грција почна да ги прифаќа македонските пасоши

by fokus

Македонските граѓани од денеска влегуваат во Грција само со пасош. Грција веќе ги исфрли од употреба листовите кои дополнително им ги даваше на македонските граѓани, бидејќи не го прифаќаше пасошот.

Грчките власти вчера издале наредба до пограничните служби за примена на новите правила за влез на македонски државјани.

Сега Грција ги прифаќа македонските пасоши на кои пишува Република Македонија, а има ставено печат со натпис: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“.

Граѓаните до 2024 година треба пасошите да ги заменат со нови на кои ќе пишува Република Македонија.

 

 

Поврзани новости