Вељаноски: Јас организатор на 27 април? Срамота!

by fokus 19:59
19:59

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски пред половина час излезе од Судот каде даваше исказ како осомничен за организирање на упадот и насилството во Собранието на 27 април. Обвинителството бара притвор за него и за уште четири лица, но тој се повика на пратеничкиот имунитет.

-По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота, изјави Вељаноски.

- Advertisements -

ОЈО го сомничи Вељаноски за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Поврзани новости