Четири балистички ракети беа лансирани од територијата на Белорусија кон територијата на Украина, изјави денеска началникот на Генералштабот на Украина Валериј Залужни.
-Четири балистички проектили беа истрелани во правец на југозапад, објави Залужни на Фејсбук. Засега нема повеќе информации за наводите на Залужни.
Во меѓувреме,Франција ја осуди Белорусија како и Русија за нејзината улога во инвазијата на Украина. Жан-Ив Ле Дриан, министер за надворешни работи, јго осуди „користењето на територијата на Белорусија од страна на режимот на Лукашенко за оваа агресија врз суверена земја“.
Тој, исто така, рече дека Франција ќе ја зајакне својата поддршка за Украина „во сите нејзини форми“, иако не кажа дали тоа значи дека Франција ќе почне да испорачува оружје.
„Овој избор на војна претставува брутално кршење на меѓународното право“, рече тој.