Од аутсајдер до претседател: десничарот Милеј победи на изборите во Аргентина

by Fokus

Десничарскиот аутсајдер Хавиер Милеj победи на претседателските избори во Аргентина, победувајќи го левичарот Серхио Мас, поранешен министер за економија од Перонистичката партија, која со децении доминираше во аргентинските полициски сили.

Неговиот политички противник излезе пред објавувањето на конечните резултати и му ја честита победата.

Милеј, обожавател на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешен тренер по тантрички секс, рече дека Централната банка на Аргентина треба да се укине, верува дека климатските промени се „социјалистичка лага“, го карактеризира сексуалното образование како заговор за уништување на семејството, верува дека продажбата на човечки органи треба да биде легална и сака да ги олесни мерките за поседување оружје.

Аналитичарите се согласуваат дека кандидатот од редовите на политичките аутсајдери, кој се истакна по остри критики на „политичката каста“, постигна многу подобри резултати од очекувањата.

52-годишниот економист, кој е сличен на Трамп, првично беше отфрлен од политичкиот естаблишмент како смешен ТВ кловн. Неговите партии сигурно ќе имаат значително влијание во Конгресот, при што Милеј ќе има силна платформа за неговите неконвенционални економски ставови, пишува „Ројтерс“.

Милеј, кој носи кожени јакни, изведува рок песни пред своите поддржувачи, се противи на абортусот, ги критикуваше про-работничките закони за труд како „рак“ и го поздрави американскиот гангстер Ал Капоне како херој.

Милеј во првиот круг од изборите имаше околу 30 отсто од вкупните гласови, покажуваат официјалните резултати. Кандидатите на главната опозициска коалиција Обединети за промени имаа 28 отсто, а кандидатот на сегашната владејачка перонистичка коалиција Сојуз за татковината 36,7 отсто.

За време на прославата во изборниот штаб, Милеј вети дека „ќе стави крај на паразитската, корумпирана и бескорисна политичка каста што постои во оваа земја“, пренесе АП.

Поврзани новости