Од 1536 активни случаи на Ковид 19, 944 се само од Скопје

by Fokus

Скопје и натаму е град со најмногу активни случаи со ковид-19 – 944, од кои само 89 влегоа во денешниот извештај на министерството за здравство.

Од скопските општини повторно Чаир е на врвот на листата со 195 моментално заразени со коронавирус, по што следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, останатите случаи се во Кисела Вода – 39,  Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

Поврзани новости