Од 136-те заболени, 24 од странство пристигнале со корона вирусот во земјава

by fokus

Од 136 заболени од корона вирусот во земјава, 24 се увезени, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје.

Ова значи дека овие 24 граѓани со корона вирусот влегле во државта, а останатите 112 пациенти се заразиле од нив, односно преку локална трансмисија на вирусот.

Досега од вкупно заразените, двајца пациенти починаа, а еден е оздравен.

Поврзани новости