Од 123 учебници, недостигаат 43, тврди Бендевска

by Fokus

„МОН не обезбедиле учебници за секој предмет. Комисијата утврдила факти врз нивните податоци. Овој проблем не е само оваа година, но овој министер имаше повеќе од четири месеци и начин да ги исполни препораките. Сега гледаме забрзано дека секој ден изјавува како се обезбедени за нов предмет“.

Ова вечерва го соопшти претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска за тужбата кон МОН поради недостигот на учебници.

Таа вели дека нивната препорака била кратка и децидна – обезбедете учебници за секој учебник по секој предмет до 31 август.

„Го обезбедивме документот и има архивски број. Од вкупно 123 учебници, 43 недостигаат. Тоа е огромна нееднаквост и дискриминацијата зафаќа илјадници учебници. Комисијата постапуваше согласно законските овластувања. И органите во составот на Министерството, сите се инволвирани во креирањето на обезбедувањето на учебници“ – рече Бендевска во емисијата „Топ тема“ на тв Телма.

Нагласи дека ова е првпат во историјата една државна институција да тужи друга.

„Ние препорачуваме како да се обезбеди правото на еднаквост за секого“ посочи таа.

Поврзани новости