Од 1.203 заразени со Ковид-19 во периодот од 28 септември до 4 октомври најголем број – 239 (19,9 отсто) се лица на возраст над 60 години, 222 (18,5 отсто) од 30 до 39 години, 220 (18,3 отсто) од 40 до 49 години, 200 (16,6 отсто) од 50 до 59 години, а 194 (16,1 отсто) на возраст од 20 до 29 години, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Во однос на минатата недела, како што се посочува, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20 до 29 години и од 30 до 39 години, за 60 отсто односно 46,1 отсто. Најголем број од регистрираните – 519 (43,1 отсто) се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.
Пријавени се 30 смртни случаи, што е 7,1 отсто повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле на возраст над 60 години, а шест лица на возраст од 50 до 59 години. Дваесет и девет од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица, стои во извештајот