Максимално сме посветени околу организацијата на празничната програма која е во тек на плоштад Македонија и се потрудивме да понудиме забава за сите генерации, за „Фокус“ појаснува Горјан Стојановски, претседател на Комора на музичка индустрија, која заедно со Град Скопје е организатор на настаните во главниот град.
Како што претходно обајвивме, за време на 14-дневна дружба со публиката, ќе настапат над 50 музичари, а сите анагажирани уметници се домашни, со цел да се промовира македонската музика и култура.
Околу хонорарите на изведувачите, како и целата организација, Стојановски вели дека се платени од спонзори. Генерален спонзор е Дајмонд Мол, но имало и други општествено одговорни компании кои се се вклучиле со своја поддршка.
-Во име на транспарентноста, сакам да појаснам за јавноста дека не станува збор за некои вртоглави суми кои ги добиваат музичарите за своите настапи. Хонорарите се движат од 1.000 до околу 3.000 евра за настапите пред и по дочекот, додека пак оние кои ќе настапат на новогодишниот дочек на 31-ви декември, се договорени за двојно повисоки хонорари, што е сосема разбирливо, бидејќи сепак е Нова година.
Заедно, сите трошоци потребни околу организацијата, бина, озвучување, осветлување, хонорари и низа на пропратни сценски потреби, сумата изнесува приближно колку концерт на некоја регионална музичка ѕвезда – вели претседателот на комората.
За време на дочекот, на 31-ви декември, присутните на плоштад ќе ги забавуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.
Со настап на музичарите од Мерак Меана граѓаните ќе влезат во Новата 2024 година.
Вики Клинчарова