Очниот хирург Дејан Ставриќ денеска пак седна на обвинителна клупа, откако скопска Апелација минатиот месец ја укина пресудата за една година затвор, поради наводно земање мито од 2.000 евра, за да посредува при добивање инвалидска пензија. Од денеска почнува новиот судски процес што се води против него, но наместо судијката Верка Петковскa која претходно го водеше случајот, сега таа е сменета, а на нејзино место е Елена Илиевска Јосифовиќ.
Бидејќи, судскиот процес го води нова судијка, целата процедура почнува од почеток, па така денеска судското рочиште започна со испитување на оштетениот пациент Ладо Кузмановски од Прилеп, кој повторно даваше исказ, иако рече дека нема што ново да додаде од веќе претходно кажаното. Се очекува свој исказ да даде и очниот хирург Ставриќ.
Лани, Ставриќ беше осуден на едногодишна затворска казна.