„Мицкоски, наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, која се отвора за прв пат после 20 години, ја политизира и ја поврзува со избори и ја меша со непостоечка надлежност, реагираат од владејачката партија.
„Тоа е потврдува дека очигледно Христијан Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата за случајот на Онкологија, за се што се правело со грозоморната шема воспоставена пред многу години.
Нема промена во криминалната матрица на ДМПНЕ.
Ниту Мицкоски ниту ДПМНЕ не ги интересира правдата а злупотребата на болните говори колку ниско е падната оваа партијата.
Истрагата за Онкологија е во тек и ја водат надлежни инстутции а не политички партии. Секој виновен без разлика на партиска, етничка и каква било припадност ќе одговара за сторените недела“, се наведува во соопштението од СДСМ.