497
Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО за случајот „Рекет“ кога ќе оценам дека треба, соопшти денеска обвинителката Вилма Рускоска по состанокот во Советот за јавни обвинители кој треба да одлучува дали ќе ја разреши или не Катица Јанева од прв човек на СЈО.
Обвинителката Рускоска од новинарите беше прашана и дали знае каде се парите од „луј витон“ чантата?
-Се работи интензивно на финансиската истрага. Па нешто знаеме, за нешто работиме, рече кусо Русковска.
Таа одби да одговори дали парите се чувани некаде или биле пуштени во оптек.