Русковска: Камчев го спомнува Заев само еднаш, дека пријавил, други политичари не спомнува!

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска денеска повтори дека првата страница од изјавата на сведокот Орце Камчев, која беше објавен во дел од порталите е автентична, а останатите прераскажани делови се дезинформација.

-Сето останато е дезинформација на одредени медиуми. Сведокот Камчев, Заев го спомнува само еднаш и тоа во делот дека пријавил. Исто така во изјавата не е спомнат ниту еден друг политичар, изјави Русковска.

Пред неколку дена, порталот Инфомакс, покрај првата страница од записникот, објави и прераскажани делови, за кои се тврдеше дека се од записникот. Во нив се споменуваше премиерот Заев, кој наводно ги предупредил Бојан Јовановски и Зоки Кичеец, дека Камчев го пријавил „Рекет“.

Таа кажа дека се уште не утврдиле како протекол во јавноста дел од записникот од сведочењето на Камчев.

На седницата на Советот на јавни обвинители, Рускоска ги презентирала доказите за случајот „Рекет“, како и исказите од сведоците кои досега ги има собрано Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Поврзани новости