Судењето на двајцата членови од партијата Левица денеска повторно беше одложено, откако обвинителката Снежана Бундалеска достави докази, односно имотен лист дека местото каде се наоѓа Народната канцеларија на претседателот е во сопственост на државата и е одлука на Владата за привремено користење на просторот за оваа намена.
Одбраната на Здравко Савески и Владимир Куновски пак, побара од судот дополнително време за разгледување на доказите, поради фактот што на претходното рочиште достави доказ дека Народната канцеларија не е имот на РМ и поради тоа државата не може да биде оштетена страна во постапката.
Главното судење е презакажано за 13 септември.
На барање на одбраната Судот се согласи да им ја укине мерката на претпазливост, односно на обвинетите да им бидат вратени патните исправи и одлучи тие да се јавуваат во судот на секои две недели.
Двајцата членови на Левица се обвинети за учество во толпа која извршила кривично дело демолирање на Канцеларијата на Иванов, за време на антивладините протести на 14ти април.