Јавното обвинителство информира дека Комисијата задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, извршила увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице, а поради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, како што велат, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.
– Комисијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – стои во соопштението од ЈОРСМ.
Дополнуваат дека заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.
– По завршувањето на проверките, Комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети – велат оттаму.