Обвинителството се уште не го добило извештајот од судска медицина: во тек е прибирање на сите докази

by Fokus

Извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се уште не е официјално доставен до обвинителството.

Како што соопштија од таму, во тек е фазата на прибирање на сите докази околу истрагата на убиството на 14-годишната Вања и на 74-годишниот Панче.

Иако обдукцијата на телата заврши на 5 декември, сè уште се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството.

Поврзани новости