Приведен крадец на „БМВ“, возилото вратено на сопственикот

by Fokus

Полициски службеници од Полициската станица Штип , вчера го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал  на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека е пријавено за украдено.

Како што соопшти МВР,   возилото завчера било одземено на подрачјето на СВР Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од скопско Зелениково.

Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, по чие документирање ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости