Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“

by Фокус

Со големо полициско обезбедување, денеска во сала во Врховниот суд, обвинителството ги изнесе завршните зборови за случајот „Диво насеље“, во кој беа убиени 8, а ранети над 40 полицајци.

Обвинителот Наум Пановски посочи дека бара највисоки казни за обвинетите за тероризам, што во случајов би значело доживотен затвор.

Тој образложи кој точно од групата осомничена за тероризам каква задача имал во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, истакнувајќи дека дел обвинетите биле логистичка поддршка, односно задолжена за сместување на групата, за носење на храна и за се останато што им било потребно.

Дел од обвинетите, според него, се погрижиле да обезбедат илегално преминување на напаѓачите од Косовом, додека една група го обезбедила поголемиот дел од оружјето од полициската станица во Гошинце.

Обвинетите од локалното население, пак, се товарат дека доброволно ги прифатиле терористите и ги сместиле во своите куќи.

Иако се очекуваше завршен збор да даде одбраната, сепак, тоа ќе случи на наредното рочиште, бидејќи одбраната го побара на увид записникот од завршните зборови.

В.В.

Поврзани новости